Претставници на Македонско – хрватското друштво (МХД) и Хрватскиот Форум (ХФ) денеска беа во посета на Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа, при што остварија средби и со проф. д-р Арбана Кадриу, декан на факултетот; и проф. д-р Марика Апостолова, продекан.

Почетна точка на посетата беше лабораторијата за виртуелна реалност, каде претставниците имаа можност и виртуелно да ја посетат Хрватска. Од страна на факултетот беше презентирано вклучувањето на технологијата и дигитализацијата во процесот на едукација и образование, а беше демонстирано и користењето на дроновите и 3Д принтерите.

При посетата се дискутираше и за идни форми на соработка помеѓу здруженијата и факултетот.

Средбата и соработката со факултетот се вклопува во тековните активности на Македонско – хрватското друштво, кое минатата година го започна процесот на дигитализација на хрватското културно наследство, чиј резултат е информативната платформа www.croatica.mk, а наскоро ќе биде објавена и првата архива на Хрватите во Македонија.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial