Македонско – хрватско друштво [ Тетово ] е основано во 2002 година во Тетово, во хотелот „Макпетрол“.

За претседавач со работното претседателство на основачкото собрание е избран Мирко Видоевски, истакнат писател и автор, ликовен уметник, актер, додека пак за прв претседате на МХД е избран Горан Видачек.

Помеѓу основачите, се вбројуваат и Дарко Обадиќ, Недиљко Ромац, Владимир Копривњак, Моника Обадиќ, Весна Видачек, Стипе Штрбац, Томо Каталиниќ, Владо Мартиноски и др.