Хрватскиот Форум преставува иницијатива која обединува млади со намера да се понудат конкретни решенија и да се остварат заеднички иницијативи.

На иницијатива на младите членови на МХД, во 2019 година, се формираше првата младинска организација на младите Хрвати и Македонци, која работи на промоција и продлабочување на македонско – хрватските односи и врски, промоција на хрватската култура, историја и идентитет, изготвување на системски и правни решенија, поттикнување на вклучување на младите Хрвати во јавниот живот во Македонија, вмрежување на младите од хрватските здруженија во Македонија и др.

ХФ заедно со МХД и со останатите хрватски здруженија, досега има реализирано голем број на настани и активности, предавања и дискусии, работилници и обуки на теми поврзани со македонско – хрватските односи.

Остварени се голем број на средби со претставници на единиците на локалната самоуправа, Народен правобранител, Комисија за односи со верските заедници, со граѓанскиот сектор и др.

Во иницијативата членуваат голем број на млади од различни градови и здруженија во Македонија, а кон неа имаат пристапено и Македонци и Хрвати од Хрватска.

ВО ХФ се формирани различни одбори и тимови, а формиран е и Програмски совет како стручно тело во кое членуваат истакнати универзитетски професори, доктори на науки, хрватски автори и дејци во Македонија и др.

Со организацијата раководи Собранието како највисок орган, како и Клубот на основачи и Секретаријатот.