Во 2015 година, на иницијатива на членките на МХД, во Тетово започнаа да се реализираат активностите насловени како креативни работилници, кои опфаќаат изработка на најразлични ракотворби, накит, предмети, украси, сувенири и др.

Оваа активност се покрена на иницијатива на неколку членки на МХД, меѓу кои: Анита Грипариќ Степановска, Ана Блажевиќ и Лидија Цвитановиќ Илиевска, кои се воедно и координаторки на активностите.

Работилниците особено се активни во пресрет на поголеми празнувања, како на пример нациналните и верските празници и сл.

Дел од изработките на женската иницијатива