Ракометната секција при МХД постоеше во неколку временски интервали, а беше покрената од нашиот истакнат член, ракометен тренер и спортски работник, Томо Каталиниќ.

Ракометната школа при МХД започна со работа во 2013 година, а подоцна во 2016 година беше воспоставен и ракометен клуб „Кромак“.

Низ ракометната секција поминаа голем број на деца и младинци, беше остварен голем број на натпревари и спортски настани, а беше реализирана и соработка со други клубови и секции, како и со ракометниот тренер Лино Червар.