Македонско – хрватското друштво вчера во Тетово, точно во објектот каде некогаш се поставувани првите театарски претстави (кога просторот го носи називот хотел „Јадран“), ја промовираше книгата насловена „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ на авторот Зоран Пејковски, универзитетски професор, писател и театролог.  

„Ова книжевно дело во градот под Шара доаѓа од конзулска Битола, кој како град со Европска култура кон крајот на XIX век ќе напредува во сретнувалиште на тогашните прогресивни и остри умови, а особено преку театарот ќе се пробиваат забранети мисли директно во
гледалиштето. Пејковски е автор е на 24 драмски дела, на 25 збирки песни, 1 роман, 4 научно –
истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби“, истакна водителот Марко Видачек на промоцијата. 

Авторот Пејковски најпрво се осврна на актерката Марија Мицика Хрвојевиќ. „Првиот  хрватски актер или актерка, кој заиграл во Македонија, била загребчанката Марија Мицика Хрвојевиќ, која била родена 1882 година. Таа
веќе во 1913 година е во Битола, како член на Градскиот театар во Битола. Играла само две-три години, но сепак оставила длабог белег во културната сцена на градот исто како и нејзината сестра Анка Цицвариќ која подоцна го користи и презимето Дравска“. 

Рецензентот проф. д-р Димитар Пандев за делото наведе: „Во научно истражувачкиот труд даден е само еден мал дел од сето она што се случувало на македонските сцени во односниот период, преку имињата на театарските дејци кои прераснале во легенди, зашто непокорот што им бил судбина, од светлините на европските културни центри што морале да ги напуштат поради прекројување, не само територијално, на европската мапа, како и од нивните родни места, во кои биле принудени да се почувствуваат излишни, ќе ги одведе во Македонија. Хрватските театарски актери ќе ја продлабочат историската димензија на културните врски меѓу Хрватска и Македонија и ќе се вложат во културните достоинства на македонскиот театар. И ќе донесат дел од европската култура во Македонија. Трудот на Зоран Пејковски спасува од заборав многумина од нив, го освежува нивниот драмски подвиг и ја зацврстува историјата на македонско-хрватските културни врски во еден досега
недоволно допрен сегмент“. 

Актерот и професор Роберт Вељановски се осврна на неколку најзначајни имиња од плејадата хрватски групи кои доаѓаат во Македонија, како Александар Верешчагин, Андрија Милчиновиќ, Јосип Јукиќ, Мирослав Крлежа и други, а беа прочитани и написи од тогашниот печат кои го сведочат успехот на овие актери и режисери и нивниот придонес кон театарскиот живот во Македонија. 

Во театарската сезона 1936/37 година, наведува професорот Вељановски, на 19 јануари 1937 година одиграна е премиерата „Во логорот“ во режија на Анџелко Г. Штимац, според драмскиот текст на Крлежа, а на премиерата во Народниот театар во Скопје присуствувал лично и Мирослав Крлежа. Во весникот „Правда“ на цела страница бил објавен написот „Голем успех на премиерата „Во логорот“ од М. Крлежа“. „Премиерата беше изведена пред полн салон и публиката ја прими со големо воодушевување што растеше напоредно со растењето на збиднувањата на сцената“.

„Ова дело, на мошне студиозен начин дава историски преглед за едно време и за неспорниот придонес на групите актери и режисери од Хрватска“, истакна водителот на настанот. 

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial