Македонско – хрватско Друштво Тетово претставува здружение на граѓани, основано во 2002 година во Тетово.

Првото Македонско – хрватско друштво е основано во 1993 во Скопје.

МХД Тетово, денеска единствено од ваков тип, со свои ограноци во повеќе градови: Кичево, Струмица, Гостивар, Штип.

МХД е доброволно, непартиско здружение на граѓани кое дејствува во Македонија и надвор. Здружението остварува соработка и одржува врски со слични здруженија во земјата, Балканот, Европа и светот, согласно позитивните законски прописи.

Својата програмска определба, МХД ја реализира согласно македонскиот Устав, законите, Статутот и другите законски норми со кои се регулира оваа материја.

Првиот амблем на МХД ги содржи ликовите на Константин Миладинов и Јосип Јурај Штросмаер, како и македонското и хрватското знаме.

Главна цел на здружението е да ги постави на организациона основа проучувањето и развивањето на македонско – хрватските односи, врските помеѓу македонскиот и хрватскиот народ и нивните држави.

Член на МХД може да биде секој граѓанин – државјанин на Македонија и Хрватска, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Органи на МХД се: Собрание, Претседателство, Претседател и Надзорен одбор.