Урнебесната комедија „Više sreće drugi put“ на театарот ЗАмКа од Загребачка жупанија ќе биде поставена овој петок во Тетово, на 11.11.2022 година, во АРМ / Музеј на тетовски крај, со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.

Во организација на Македонско – хрватското друштво, театарот ЗАмКа премиерно во Тетово ќе настапи со комедијата „Više sreće drugi put“, која се изведува на кајкавски дијалект. Претставата е победник на 21-та смотра на театарски аматери на Загребачка жупанија.

Зелинскиот аматерски театар – ЗАмКа постои од 1993 година, а има успешни остварувања во Хрватска и надвор.

Јожа или Јозеф, долги години живее во Германија. Материјално ситуиран, но незадоволен, бидејќи неговиот син единец Ханс, до својата 35 година останува неженет. Јозеф сака да му помогне на синот, па одлучи да дојде во родниот крај и да најде девојка. Ханс не знае за татковите намери, па со него оди кај фамилијата на село. Селските жени тука гледаaт добра прилика за своите ќерки и внуки, па станува вистинска борба за Хансовата наклоност…

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial