Во Тетово вчеравечер се одржа концертот насловен „Под златното сонце“, по повод 20 години од основањето на Македонско – хрватското друштво во Тетово.
На концертот свои настапи имаа женската клапа „Фигурин“ од Загреб и КУД „Стјепан Радиќ“ од Дубровник, заедно со триото „Nameless“ како домаќини – од Тетово.

На настанот, со свои обраќања присутните ги поздравија: г-ѓата Маријана Петир, претседател на Одборот за земјоделство на хрватскиот Сабор и поранешна пратеничка во Европскиот парламент; г-ѓата Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска и г. Недиљко Ромац, претседател на МХД.
Роберт Велјановски, водител на настанот, во говорот потсети за почетоците на друштвото, како и за развојниот пат на МХД. Велјановски се осврна и на првото МХД основано во 1993 година во Скопје.

Присутните имаа можност во двочасовниот настан да уживаат во автохтоното клапско пеење и традиционалните далматински танцови, но и во хитовите од современата но автентична македонска музика.

Настанот со своето присуство го увечаа: г. Бесар Дурмиши, претседател на совет на општина Тетово; г. Димитар Костадиновски, градоначалник на општина Јегуновце; г. Бујамин Рушити, претседател на советот на општина Брвеница; г. Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници, пратениците Фаница Николоска, Александар Велјановски, Маја Морачанин и Соња Мираковска, г-ѓа Долорес Кашуба Петров, претседателка на Заедница на Хрвати „Либертас“ од Штип; претставници на МПЦ; претставници на хрватските здруженија и др.

На настанот беше изразена благодарност до Амбасадара на РХ во Скопје, како и до Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од РХ и до македонското министерство за култура со чија поддршка се реализираше настанот.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial