
Почитувани,
По повод 20 години од основањето на Македонско – хрватското друштво во Тетово, Ве покануваме на концертот насловен „Под златното сонце“, на 9-ти септември во НУ „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, со почеток во 19 часот.
На концертот ќе настапат: КУД „Стјепан Радиќ“ од Дубровник, женската клапа „Фигурин“ од Загреб и триото „Nameless“ од Тетово.
Ќе ни претставува особена чест доколку со Вашето присуство го збогатите овој настан и заеднички го прославиме овој важен јубилеј.
Ве очекуваме.
