Македонско – хрватското друштво (МХД) овој викенд беше домаќин на група ученици и професори од гимназијата „Фран Галовиќ“ од Копривница.

Посетата на групата, предводена од страна на менторите Игор Фулир, професор по математика и Дарија Кивач, професорка по музичка уметност, започна во ОУ „Братство Миѓени“ каде гостите имаа можност да се запознаат со изведувањето на хрватската настава во Тетово.

Гостите потоа ја посетија канцеларијата на МХД, најмалиот етнолошки музеј во светот, Лешочкиот манастир и излетничкото место Петочко Водиче.
Хрватската група претходно во Тетово престојуваше во рамки на програмите за мобилност на Еразмус.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial