Почитувани,
Македонско – хрватското друштво и Хрватски Форум ве покануваат на промоцијата на картички со хрватските градови, во среда, на ден 14.07.2021 година, во Урбан клуб (Маршал Тито бр. 96) во Тетово, со почеток во 19 часот.
Во склоп на редовните активности на МХД, изработени беа дваесет картички со хрватските градови, кои имаат за цел да послужат како едукативен, историски, јазичен и туристички водич низ Хрватска.
На промоцијата ќе се обратат: Недиљко Ромац, секретар на МХД; Марко Видачек, генерален секретар на ХФ.
Вториот дел од настанот ќе биде посветен на процесот на дигитализацијата на хрватското културно наследство во Македонија и пошироко, кој ќе опфати дискусија во која ќе се обратат: Михаела Обадиќ, потпретседателка на ХФ; Стефан Здравковски, организационен секретар на ХФ, како претставници на тимот за дигитализација.
Утрешниот настан е и најава за отпочнувањето на процесот на дигитализација – изградбата на прва е – архива на хрваското наследство во Македонија и на интерактивна информативна веб платформа.
//
Poštovani,
Makedonsko – hrvatskо društvo i Hrvatski forum pozivaju vas na promociju karata s hrvatskim gradovima, u srijedu, 14. srpnja 2021., u Urban klubu (Maršal Tito br. 96) u Tetovu, s početkom u 19:00.
U sklopu redovnih aktivnosti MHD-a izrađeno je dvadeset karata s hrvatskim gradovima kojima je cilj poslužiti kao obrazovni, povijesni, jezični i turistički vodič kroz Hrvatska.
Promociji će se obratiti: Nediljko Romac, tajnik MHD-a; Marko Vidaček, glavni tajnik HF-a.
Drugi dio događaja bit će posvećen procesu digitalizacije hrvatske kulturne baštine u Makedoniji i šire, što će uključivati diskusiju, sa sudiocima: Mihaela Obadić, potpredsjednica HF-a; Stefan Zdravkovski, organizacijski tajnik HF-a, kao predstavnici tima za digitalizaciju.
Sutrašnji događaj ujedno je najava za početak procesa digitalizacije – izgradnja prve e-arhive hrvatske baštine u Makedoniji i interaktivni informativni web sajt.
Aktivnosti podržava Središnji državni ured za Hrvate izvan Republike Hrvatske.