На ден 06.05.2021 година, Хрватскиот форум заедно со Хрватската матица на иселеници и Македонско – хрватското друштво (МХД) организираше работилница по хрватски јазик на тема „Хрватски наречја“, во склоп на активностите „Патувачка школа“.

Работилницата ја водеше Ведран Искра, магистер по едукација на хрватскиот јазик и магистар по културологија во книжевноста, кој се осврна на трите хрватски наречја и Златната формула „Ча – кај – што“. Учесниците преку интерактивниот пристап и различните содржини имаа можност повеќе да се запознаат со говорите на Хрватска, специфичните подрачја и интересните факти за нив.

На настанот се обратија и: Нада Канајет Шимиќ од ХМИ и Марко Видачек, генерален секретар на ХФ.

Оваа работилница е втора по ред во склоп на овие активности, а претходната беше организирана со ученици од основните и средните училишта во Македонија, додека пак во тек на реализија се уште две драмски работилници со најмладите.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial