Еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ при МХД продолжува со своите редовни активности.

Овој пат, викендов нуркачите посетија нова локација – подводниот извор „Сфера“ кај хотелот Бисер во Струга.

Членовите на ЕНК „Пена“ влегоа и во подводната пештера Врело, која со досега откриена длабочина од 230 метри, моментално претставува најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа, чија длабочината не е целосно откриена.

За пештерата Врело се смета дека е една од најдлабоките подводни пештери во Европа и во светот.

Во склоп на овие активности, беа спроведени и редовните тренинзи на членовите на клубот, а периодов се предвидени и други активности.

Клубот во склоп на МХД постои веќе 3 години и има реализирано голем број на активности во Македонија и Хрватска.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial