Покрај изичувањето на хрватскиот јазик, спортските/еколошко – нуркачки активности, женските креативни работилници, младинските активности на Хрватски Форум, во делокругот на МХД, се вбројуваат и голем број на традионални активности кои веќе две децении активно се спроведуваат од страна на МХД во Тетово и во другите градови.
- Прослава/одбележување на католички Божиќ и Велигден;
- Прослава/одбележување на хрватските национални празници;
- Прослава/одбележување на 8ми март;
- Делење на новогодишни и божиќни пакетчиња за учениците по хрватски јазик;
- Настава во природа за учениците по хрватски јазик;
- Средби во природа со членовите на МХД;
- Делење на новогидишни пакетчиња и подароци на децата од Дневниот центар во Тетово;
- Соработка и посети на хрватските здруженија од Таванкут, Суботица (АП Војводина, Србија);
- Соработка и посети на учениници, професори и претставници од Загребачка Жупанија;
- Соработка со хрватски државни институции, хрватска Амбасада во Скопје, Матица Хрватска, Канцеларија за Хрвати надвор од РХ;
- Испраќање на ученици на „Мала школа на хрватскиот јазик“, во Нови Винодолски;
- Соработка и средби со другите хрватски здруженија во Македонија и македонските здруженија во Хрватска
- Литературни читања и средби;
- Ликовни колонии, изложби и работилници;
- Одбележување на заеднички (македонско – хрватски) значајни настани, поврзани со историјата, културата, уметноста;
- Хуманитарни активности и делење на хуманитарна помош за загрозени хрватски семејства во Тетово и околината;
- Соработка со Агенција за иселеништво (РСМ) и Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи;
- Соработка со општина Тетово и секторот за јавни дејности и др.