Во врска со одлуката за одржување на редовна седница на Собранието на Македонско – хрватско друштво (МХД), донесена на 14.02.2026 година, а во насока на нејзино спроведување, претседателството ја донесува следната Информација.

Со одлука на МХД, Организацискиот одбор за спроведување на редовно Собрание од изборен карактер ја започна постапката за кандидирање.

Оваа информација содржи јавен повик кој се однесува на кандидирање на членови за следните функции/членства:

  1. Членови на Претседателство (9)
    Претседателството е извршен орган на здружението. Има 9 членови. Ги спроведува одлуките на Собранието. Одлучува и извршува оперативни работи помеѓу две заседанија на Собранието. Од редот на членовите на претседателството се избира претседател, потпретседател, благајник и секретар. Има седници по потреба. Седниците ги свикува претседателот. Собранието избира и разрешува членови на Претседателството. Мандатот е 4 години.
  2. Членови на Надзорен одбор (3)
    Надзорниот одбор е тело кое го контролира финансиското работење. Се состои од најмалку 3 члена. Еден од членовите мора да има искуство во областа на финансиското работење. Органот има право и обврска да бара информации за финансиското работење. Собранието ги бира и ги разрешува членовите на надзорниот одбор. Мандатот е 4 години.

Сите заинтересирани потребно е да испратат биографија и мотивациско писмо на mhd.tetovo2002@yahoo.com со назнака „Редовна седница на Собрание на МХД 2026 година“, каде ќе се наведе на која точно функција се однесува, најдоцна до 19-ти овој месец, до 00:00.

Право на кандидирање имаат само членови на Македонско – хрватско друштво (МХД) кои се запишани во ревидираниот Регистар на членови на друштвото, кој се ажурира еднаш годишно.

Подносителите на пријавите кои ги исполнуваат барањата ќе бидат дополнително известени за понаташниот тек на постапката. МХД го задржува правото да не извести подносители на невалидни пријави.

Во име на претседателство,
Недиљко РОМАЦ
претседател

Тетово, 17.02.2026 година

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial