Врз основа на член 15 став 3 од Статутот на Македонско – хрватско друштво (МХД), претседателот во името на претседателството ја закажува редовната седница на Собранието на друштвото на ден 28.02.2026 година, во салата на општина Тетово, со почеток во 11:30 часот.

За седницата се предлага следниот дневен ред:
1. Избор на работно претседателство;
2. Читање на деловник за работа;
3. Извештај за досегашно работење;
4. Програма за работа;
5. Избор на ново претседателство и надзорен одбор;
6. Одлука за стапување во сојуз;
7. Разно.

Станува збор за редовна седница на Собранието, која ќе биде поделена во два дела: отворен (церемонијален) и работен дел.

Собранието на МХД е највисок орган на друштвото и го сочинуваат сите членови според последниот ревидиран Регистар на членови (кој се ажурира на годишно ниво).

Оваа одлука се објавува на веб страницата и официјалните социјалните мрежи на друштвото.

Во име на претседателство,
Недиљко РОМАЦ
претседател

Тетово, 14.02.2026 година

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial