Почитувани,

Македонско – хрватското друштво (МХД), со седиште во Тетово, ја информира јавноста дека не е организатор на настанот „Денови на хрватската култура во Тетово“ кој е најавен за денеска во Музеј на Тетово – АРМ, со цел јавноста да не биде доведена во заблуда.

МХД ги осудува ваквите некоректни обиди и активности на здружението Заедница на Хрвати на Република Северна Македонија од Скопје кои немаат никаква цел насочена кон развој на македонско-хрватските односи и хрватското организирање во државата.

Ваквото постапување и најавата за формирање на огранок ги оценуваме како нејасни и крајно непристојни, а истото отвора основи за сомневање дека мотивите за паралелно организирање на Хрвати во Тетово се далеку од чесни.

Ги поддржуваме сите активности насочени кон промоција на хрватската култура и македонско-хрватските односи, но изразуваме и подготвеност сите евентуални манипулативни обиди недвосмислено да ги осуетиме јавно.

Македонско – хрватското друштво ќе продолжи, како и во изминатите 20 години, активно и квалитетно да придонесува кон културниот живот во Тетово, а за сите идни активности и чекори навремено ќе известиме преку медиумите.

Тим за односи со јавноста
МАКЕДОНСКО – ХРВАТСКО ДРУШТВО

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial