На 13.05.2022 година, претседателот на МХД, Недиљко Ромац, заедно со претставници на младинската организација Хрватски Форум, во седиштето на Хрватскиот национален совет на Република Србија во Суботица оствари средба со претседателот на извршниот одбор на НХС, Лазар Цвијин.

Средбата беше одлична прилика за меѓусебно запознавање со делувањето на МХД и на Хрватскиот национален совет – како кровна и репрезентативна организација на Хрватите во Република Србија.

Двете страни изразија подготвеност за конкретна идна соработка, а како прва можност беше спомената меѓународната ликовна колонија која МХД треба да ја организира до крајот на оваа година, со предвидено учество на млади од Војводина.

МХД и во оваа прилика го поздравува активното делување во повеќе области на ХНС, како и високиот степен на организираност и бројните резултати на Хрватите во АП Војводина.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial