Оваа сабота Тетово беше домаќин на патувачкото училиште на Хрватската матица на иселеници. Околу 20 учесници беа дел од интерактивните работилници наменети за учениците од хрватската настава.

Активностите на патувачкото училиште беа поделени во три дела: јазична, драмска и танцовна работилница. Координатори на работилниците беа искусни предавачи од летната програма „Мало училиште за хрватски јазик“ која се одржува во Нови Винодолски (Хрватска).

Координаторите на програмата, Ведран Искра, Гроздана Лајиќ Хорват, Лада Канајет Шимиќ и Матија Матковиќ, заедно со ученици од Хрватска, во неколкудневната посета на Македонија остварија работилници во Скопје и Тетово.

Програмата „Патувачко училиште“ е започнато во 90-тите години со цел учење на хрватскиот јазик и зачувување на идентитетот.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial