Македонско – хрватското друштво (МХД) во согласност со своите акти и програмски обврски, објавува ЈАВЕН ПОВИК за членови на Претседателство и Надзорен одбор.

Со одлука на МХД, Организацискиот одбор за спроведување на Изборно собрание ја започна постапката за кандидирање. Јавниот повик се однесува на следните членства/функции:

  1. Членови на Претседателство (9)
    Претседателството е извршен орган на здружението. Има 9 членови. Ги спроведува одлуките на Собранието. Одлучува и извршува оперативни работи помеѓу две заседанија на Собранието. Од редот на членовите на претседателството се избира претседател, потпретседател, благајник и секретар. Има седници по потреба. Седниците ги свикува претседателот. Собранието избира и разрешува членови на Претседателството. Мандатот е 4 години.
  2. Членови на Надзорен одбор (3)
    Надзорниот одбор е тело кое го контролира финансиското работење. Се состои од најмалку 3 члена. Еден од членовите мора да има искуство во областа на финансиското работење. Органот има право и обврска да бара информации за финансиското работење. Собранието ги бира и ги разрешува членовите на НО. Мандатот е 4 години.

Сите заинтересирани е потребно да испратат биографија и мотивациско писмо на mhd.tetovo2002@yahoo.com со назнака „Јавен повик за членови на Претседателство и надзорен одбор на МХД“, каде ќе се наведе на која точно функција се однесува, најдоцна до 13-ти овој месец. Исто така, заинтересираните можат и физички да достават докоменти до почеток на седницата на Изборното собрание, до сабота во 12 часот.  

Право на кандидирање имаат само членови на МХД и на подружниците на МХД.

Подносителите на пријавите кои ги исполнуваат барањата ќе бидат дополнително известени за понаташниот тек на постапката. МХД го задржува правото да не извести подносители на невалидни пријави.

Изборот ќе се изврши преку гласање на Изборното собрание на МХД, закажано за оваа сабота, 13.11.2021 во 12 часот во големата сала на општина Тетово.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial