На ден 14.07.2021 година, Македонско – хрватското друштво заедно со Hrvatski Forum, во URBAN Business HUB пред членовите на двете здруженија ги промовираше 20-те едукативни, историски и туристички картички со хрватските градови.

Целта на картичките е истите да послужат како еден историски, јазичен, географски, едукативен и туристички водич низ Хрватска, а претставени се 20 избрани градови – со многу колорит и најинтересни факти и информации за истите, со особен осврт на главните знаменитости во нив. 250 комплети ќе бидат доставени низ Македонија.

Во првиот дел беше промовирана и брошурата на МХД, насловена „Занимливости за Хрватска“, а присутните во салата имаа можност да ги видат и изложените најстари документи: Башчанска плоча, Винодолски законик, Сплитскиот статут и др. Вториот дел од настанот беше посветен на процесот на дигитализација на хрватското културно наследство во Македонија и пошироко.

„Први започнавме да зборуваме за младите и нешто конкретно да направиме. Денес младинската организација брои околу 100 членови од тука и од Хрватска. Први ќе ја спроведеме и дигитализацијата. Не затоа што е модерно или актуелно, туку затоа што е потребно и корисно“, истакна генералниот секретар Марко Видачек на настанот.

На настанот беа најавени две важни иницијативи – изградба на прва е – архива на хрватската култура кај нас и основање на прв информативен портал на хрватски јазик кој ќе известува за активностите на сите хрватски друштва во Македонија, како и на македонските во Хрватска.

Учесниците истакнаа дека ваквите процеси на дигитилизација се повик и кон сите останати хрватски друштва за поголема присутност во дигиталниот простор како и нивна ажурност, на начин на што би се обезбедил полесен пристап на Хрватите до содржините и активностите наменети за нив.

На настанот говореа: Недиљко Ромац, секретар на МХД, Марко Видачек, генерален секретар на ХФ, Стефан Здравковски, организационен секретар на ХФ и дел од тимот за дигитализација, а модератор беше Ема Павловска, потпретседателка на ХФ. На настанот присуствуваа и претседателите на двете организии: Горан Видачек (МХД) и м-р Симона Копривњак (ХФ).

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial