Во пресрет на одбележувањето на 18 години од основањето на Македонско – хрватското друштво во Тетово, го претставуваме новиот визуелен идентитет и веб сајт.

Новото лого како комбинација на македонско – хрватски симболи и обележја содржи три квадрати, од кој најголемиот ја претставува Хрватска и хрватската шаховница (што воедно е и боја на македонскиот народ), жолтиот квадрат ја претставува Македонија и симболот сонце, додека пак третиот е син квадрат – како симбол на морето и небото.

Новиот веб сајт www.mhd.mk е достапен на македонски и хрватски јазик, а овозможени се и најразлични опции, интеракција, лесна достапност и читливост.

На веб сајтот се изнесени сите потребни информации за Хрватите во Македонија, организирањето и делувањето на МХД, а достапна е и архива на текстови и материјали поврзани со активностите на Хрватите и хрватските здруженија во Македонија, како и за меѓународната соработка.

МХД во функција го става и новиот слоган „Заедно е најдобро“, кој преку различни промотивни активности има за цел уште поголема промоција на хрватскиот идентитет, култура и уметност, како и запознавање со МХД како една од стожерните организации на Хрватите во Македонија.

Поради ситуацијата со ковид – 19, ќе се изврши модифицирање на предвидените активности за одбележување на 18 години МХД, за кои навремено ќе информираме.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial