За придобивките од членството на Македонија во Европската унија и НАТО, на вчерашната трибина на Македонското-хрватско друштво од Тетово во ЕУ-инфоцентарот во Скопје говореа амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, проф. д-р Златко Крамариќ, генералот на АРМ Илија Николовски и извршниот директор на „Младинска алијанса“, Небојша Захариевски.

Амбасадорот Крамариќ нагласи дека за се се потребни двајца, па така и за Македонија да влезе во „европското семејство“. Генералот Николовски, пак, ги потенцираше бенефициите кои ги имаат членките на НАТО алијансата, а зборуваше и за домашната армија, односно дека вложувањето во неа секогаш вреди. Тој го констнтираше напредокот на балканските земји, за тоа што тие добиле од членството во ЕУ и НАТО алијансата. Во разговорот на панел-трибината се вклучија и присутните, со свои прашања за влезот на Република Хрватска во Европската унија.

Оваа панел-трибина е дел од проектот кој од неодамна Македонско-хрватското друштво започна да го реализира, чиј приоритет се става на членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

(јули, 2013)

Во пресрет на одбележувањето на 18 години МХД, на нашиот веб сајт ги објавуваме најважните и најинтересни настани и активности од историјата на друштвото.

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial