Дубровник денес е еден од најубавите градови во Европа, а неговата убавина дополнително почива врз минатото и гордоста со која народот во Дубровник го бранел она што било нивно во постојаната борба против освојувачите. Градот Дубровник и неговата убавина ја открија сè повеќе луѓе и поради познатата серија  „Game of Thrones“, која содржи многу сцени од овие локации.

Од повеќето легенди за настанувањето на градот Дубровник, историски најоснован е оној што го поврзува создавањето на новиот град со уништувањето на римскиот град Епидаурум (на местото на денешниот град Цавтат).

Епидаурум во VII век бил уништен од Аварите и Словените, а преживеаните жители се населиле во блиската шумска област и на малиот карпест остров Лаус.

Пред пристигнувањето на жителите од Епидаурум, островот бил веќе населен, а со нив значителнио се зголемил бројот на населението. Островот бил одвоен од копното со тесен канал, така што населбата на островот била заштитена и од морето и од копното.

Подоцна морскиот канал бил затворен и пополнет, а денес на негово место се протега најпознатата улица во Дубровник-Страдун.

Од своето основање, Дубровник се наоѓал во постојана борба да ја сочува својата територија, се до почетокот на XII век со кратки прекини, ја признава византиската власт, а од 1205 год. е под директна власт на Млетачката Република (Венеција). Дубровничката Република станала независна од Венеција во 1358 година.

Официјалното мото на Дубровничката Република било – NONE BENE PRO TOTO LIBERTAS VENOITUR AURO (Слободата не се продава за целото злато на светот).

Дубровник бил мало место дури и според стандардите од тоа време, во и околу градските ѕидини имало помалку од 10.000 луѓе, плус  помалку од 100.000 во целата лента на тесниот далматински брег и островите што ја сочинувале Републиката. Сепак стотиците бродови кои ја сочинувале трговската флота биле позначајни од бродовите во Венеција.

Водачите и дипломатите на републиката и денес сè уште се предмет на истражување, поради нивните незаменливи дипломатски вештини. Тие во векови преговараа за договори за слободна трговија, кои обезбедија просперитет и мир за Дубровник. Тајната на исклучителниот успех на Дубровничката Република, беше несомнено нејзината слобода.

Нејзината власт иако била аристократска по природа, била мала, ограничена и скоро без корупција.

Во тоа време жените добиле значителна економска слобода, што е реткост во светот. Во време кога се очекувало жените да бидат подредени, жените претприемачи изградиле огромни богатства. На жените им било дозволено да носат накит и да произведуваат накит и можеле да тргуваат во целост самостојно.

Ропството било вообичаено низ целиот свет во средниот век, но Дубровник го укинал во 1416 година, со што е прва држава во Европа која го укинува ропството.

Додека затворите за долгови биле распространети во средновековна Европа, во Дубровник со закон се воспоставиле процедури за порамнување на долговите без да се затвораат граѓаните. Даноците биле ниски, а капиталот безбеден од произволни конфискации од страна на благородниците, како што било вообичаено во остатокот од Европа.

Дубровник денес

Дубровник била многу силна поморска држава и ја одржувала својата независност со тргување со големите сили, пр. Османлиското Царство.

Во XV и  XVI век, кога Дубровник бил во екот на економската моќ, се вбројува во една од најразвиените земји во тоа време.

Во 1667 година силен земјотрес го уништил градот и околината. Градот-држава се иградил повторно, но никогаш не ја вратил старата слава. 1808 година војската на Наполеон го окупирала градот и е издаден декрет со кој се укинува Дубровничката Република.

Текстот продолжува…


Подготвил: Љубиша Марковиќ, дипломиран историчар 

Ова е само првиот воведен дел посветен на Дубровничката република кој ќе се објавува на блогот на Хрватски Форум, а ќе ги опфати најзначајните историски, културни и правни обележја на оваа република. 

Odgovori

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Obavezna polja su označena sa *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial